Thursday, October 30, 2014

Прашања за домашно во Writer- 2

  1. Со која наредба се прават уредувањата на страната?
  2. Каква може да биде ориентацијата на страната?
  3. Што се тоа маргини?
  4. Што значи автоматско наоѓање и замена на текст?
  5. Кои се предностите од автоматското наоѓање и замена на текст?
  6. Дали текстот со кој се заменува може да биде со различно форматирање од дадениот? претходниот?
  7. Што претставува хиперврска?
  8. По што се разликуваат хиперврските од останатиот текст?
  9. До каде може да се постави хиперврската од даден документ?
  10. Опишете го начинот на вметнување на хиперврска во документ.
 Овие прашања се за следните  три команди што ги работевме. Одговорете ги и НАУЧЕТЕ за следниот час.
Следниот час повторуваме, 
Следна доплнителна во честврток на 6 ноември во 10.45 часот и 
Наставно во среда на 12 ноември

Tuesday, October 14, 2014

Прашања за домашно Writer- 1

Домашна работа

Ви праќам прашања за лекции што ги работевме. Прашањата да се одговрат  (не мора да ги препишувате- само одговарајте) и одговорите да ги носите на секој од наредните часови.
Еве ги прашањата:
Пасус
  1. Што е пасус?
  2. Кое друго име се користи за пасус?
  3. Кои уредувања на пасус се можни во програмата за уредување на текст?
  4. Дали може да уредуваме пасус ако курсорот е поставен било каде во пасусот?
  5. Дали растојанието меѓу редовите и меѓу пасусите е едно исто уредување?

Колони
  1. Каде најчесто среќаваме пишување на текст во колони?
  2. Што може да се избере при уредувањето на текст во колони?
  3. Дали шираната на колоните и растојанието меѓу нив мора да биде еднакво?

Уредување на страница
  1. Што е заглавие, а што подножје на страна и како се поставуваат?
  2. Каде се поставуваат содржините на заглавјето и подножјето?
  3. Дали може да се форматира текстот во заглавјето и подножјето?
  4. Дали може поставеното заглавје и подножје да се промени или избриши?
  5. Што е фуснота и со која команда се поставува?
  6. Каде на страницата се позиционира фуснотата?
  7. Што се тоа коментари во текстуален документ?
    Се што не е јасно или сакате да прашате оставете во коментар.
    Пријатна работа!