Saturday, December 5, 2015

Наставно ливче- 6 одделение

На наставното ливче во четрток (10.12.2015г) ќе ги имате следните прашања:
1. Што е оперативен систем?
2. Видови оперативни системи.
3. Дали оперативните системи се наменети за еден или повеќе корисници и може да се стартуваат една или повеќе програми?
4. Како се вика почетниот прозорец на оперативниот систем?
5. Што содржи горниот, а што долниот панел?
6. Што се икони и прозорци?
7. Елементи на прозорецот.
8. Преместување и зголемвање/ намалување на прозорец.
9. Наставки на фајлови
10. Кои се помошни програми и за што се користат?
11. Правила за пишување (меѓу зборови, окол специјални знаци, нов ред)
12. Тастери за бришење при пишувањето.
13. Разлика меѓу Зачувај и Зачувај како...
14. За што се користат Bck и Clr во Калкулаторот.

Пријатно учење. Среда во 10.45 има дополнителна, за тоа што не е јасно.

Wednesday, December 2, 2015

URL адреси на креираните блогови

Во продолжение ќе оставам 4 коментари за секое одделение посебно и вие со Reply запишете ја адресата и вашето име и презиме. До недела да сте готови.

Wednesday, November 18, 2015

ЕНЕРГИЈА- Магија која го движи светот

Светот кој го знаеме не би можел да опстои без енергија. Од неа зависи секоја човечка активност зошто енергијата ни обезбедува светлина и топлина во домот, гориво за автомобилите, работа на машините и обработка на земјата. Енергијата стана стана толку важен дел од нашиот живот што не можеме да го замислиме секојденевието без неа. 
Замислете си дека неделата што следи (од понеделник до петок) на целата Земја нема енергија. Што би правеле? Во што би се претворил нашиот живот? Дали сето тоа би можеле да го издржиме и би се навикнале на ситуацијата?  

Што најмногу би ти недостигало?