Saturday, May 30, 2015

Екстерно

Марио, Илија и Наталија утре (понеделник) кај мене во 12 часот. Добро?

Sunday, May 24, 2015

Годишни оценки

Во среда ќе завршиме со прашањата од екстерното па ќе се договориме кога ќе одговарате за повисока оценка.

Tuesday, May 19, 2015

Екстерно тестирање

Доколку ви се испечатени, утре (среда- 20 мај) ќе ги одговараме прашањата за екстерно, па носете ги истите.

Monday, May 18, 2015

Годишни оценки

Само неколкумина од вас го пратија проектот што требаше да се направи. Ова се оценките што ќе бидат на крајот од годината, ако состојбата остане непроменета.
Тие што не им се допаѓа оценката пишете во коментар за да се договориме што би поправале.

Thursday, May 14, 2015

Проект со програма за мултимедијални презентации

Направи презентација во Microsoft Power Point или Impress која ќе ги задоволува следните барања:

  1. Тема на презентацијата може да биде по твој избор
  1. Презентацијата да има 7 слајда (првиот насловен кој ќе го содржи името на презентацијата и твоето име)
  2. Дизајнот нека биде по твој избор, само последниот слајд да биде во сина боја,
  3. Анимациските ефети врз сите објекти (наслов, текст или слика) нека се појавуваат автоматски без употреба на глуче,
  4. Премините меѓу слајдовите нека се сите исти со клик, освен вториот што ќе се појавува после 5 секунди,
  5. Постави хиперврска од последниот слајд до насловниот слајд,
  6. Зачувај ја презентацијата и нејзинотот име нека биде твојот реден број во дневникот и твоето име и презиме,
  7. Прати ја готовата презентација на е-маил: kk.mimozatrajkovska@gmail.com најкасано до 17.05.2015 година.
  8. Сите прашања околу креирањето на презентацијата остави ги во коментар.
      Пријатна работа.

      Оценките што би ги имале на крајот ќе ви ги соопштам понедленик на блогот па ќе се договориме накнадно за поправање на истите
      Терминот за следна дополнителна е Понеделник (18.05) во 12 часот.