Wednesday, November 18, 2015

ЕНЕРГИЈА- Магија која го движи светот

Светот кој го знаеме не би можел да опстои без енергија. Од неа зависи секоја човечка активност зошто енергијата ни обезбедува светлина и топлина во домот, гориво за автомобилите, работа на машините и обработка на земјата. Енергијата стана стана толку важен дел од нашиот живот што не можеме да го замислиме секојденевието без неа. 
Замислете си дека неделата што следи (од понеделник до петок) на целата Земја нема енергија. Што би правеле? Во што би се претворил нашиот живот? Дали сето тоа би можеле да го издржиме и би се навикнале на ситуацијата?  

Што најмногу би ти недостигало?