Tuesday, November 29, 2016

URL адреси на блоговите

Во коментар оставете ги адресите на блоговите што ги креиравте. Внимавај секое одделение има свој сопствен коментар и адресата оставија со Replay на коментарот. 

Училишен двор


Image result for eko school yardНашето училиште е ЕКО училиште што се обидува да ги подобри условите за престој во него. Тука спаѓа уреденоста и чистотата на училниците и ходниците, но и партерното уредување на училишниот двор. Дали ти се допаѓа сегашниот изглед на училишниот двор? Што би променил во него за да стане пријатно место за минување на одморите, но и за собирање и спортување после часовите или за време на летниот распуст?

Wednesday, November 9, 2016

Проект со програмата за обработка на текст за 7 одделение

Темата на проектот: Градот во кој сакам да живеам


     Документот може да биде креиран во апликациите Writer или Word. Да има најмногу 2 страни според следните барања (текстот да не биде копиран   од Интернет без можност за негово менување):
· Маргини левата 1,5 цм; десната 1 цм; горната и долната по 2 цм, можеш да ставиш и боја на позадината како и рамка на страницата;
· Твоето име и презиме на десна страна (во футерот-подножјето) со црвена боја, задебелено;
· Проект централно (во хедерот-заглавјето) со сина боја, искосено, подвлечено и 14 големина на буквите;
· Вториот пасус на првата страна нека биде во две колони;
· Во другите пасуси примени различен проред, вовлекување (прв ред), празен простор пред и по пасусот, порамнување;
· Три слики, форматирани со текст околу нив;
·  Фуснота на некој збор по твој избор (од втора страна);
· Коментар- белешка  на еден од зборовите на втора страна;
· Хиперлинк кон веб страна на која најде најмногу податоци за соодветната тема;
· Клучните зборови нека бидат нагласени (боја, стил), а целиот текст да биде соодветно уреден и форматира.
· Да се испрати на е-mail kk.mimozatrajkovska@gmail.com до 13.11.2016 година.

Успешна работа!

За се што сакате да прашате во врска со изработката на проектот оставете коментар.


Thursday, November 3, 2016

Подготовка за наставно ливче за хардвер и софтвер за 6 одделние


  1. ·         Комјутерскиот систем се состои од
  2. ·         Најважни делови  во куќиштето на комјутерот се:
  3. ·         Процесорот е
  4. ·         RAM меморијата е
  5. ·         ROM меморија е
  6. ·         Перифените уреди се поделени на
  7. ·         За што се користат влезните уреди и кои уреди спаѓаат во нив?
  8. ·         За што се користат излезните уреди и кои уреди спаѓаат во нив?
  9.  ·         Најброј ги видовите монитори:
  10. ·         Наброј ги видовите печатачи
  11. ·         Големината на мониторот
  12. ·         Што е резолуција
  13. ·         Кои мемориски уреди кои ја сочинуваат главната комјутерска меморија, а кои мемориски уреди се помошни мемориски уреди?
  14. ·         Напиши го меморискиот капацитет на следните мемориски уреди: дискета, хард диск, CD, DVD, USB
  15. ·         Основна поделба на софтверот е на:
  16. ·         Колку бита има еден В (бајт): 
  17.       Поголеми единици мерки за мемориски капацитет од В (бајт) се:
  18.       Дали пет  филма со големина 716 МВ, 560МВ, 1023МВ, 800МВ, 980 МВ ги собира на USB од 4 GB.


    Дополнителна среда во 16.00 часот

Friday, June 3, 2016

Распоред

Екстерно тестирање
Термини за учениците што ќе полагаат екстерно по предметот информатика
·        Понеделник  (6.06.2016) 11,30-13,00 часот за VI одделение
·        Понеделник  (6.06.2016) 13,00-14,30 часот за VII одделение
·        Четврток  (9.06.2016) 11,30-13,00 часот за VI одделение
·        Четврток  (9.06.2016) 16,00-17,30 часот за VII одделение


Поправање на оценки
За VI одделение
За VII оддление
·        Понеделник 12,00
·        Среда 10,30
·        Четврток  (на час)
·        Понеделник 13,00
·        Среда (на час)
·        Четврток 12,00


Friday, May 27, 2016

Годишни оценки 7 одд

Ова се годишните оценки со бодовите по теми за сите одделенија:

Секоја тема има од 0 до 100 бодови, а критериумот за годишна оценка е:

На секој што му недостигаат до 8 бодови за повисоката оценка  може да одговара на прашањата од екстерно, а ако недостигаат повеќе бодови, мора да одговарате за темата за која имате најмалку бодови.
Дополнителната е понеделник после 12 часот и четврток во 16 часот (во вторник сум отсутна)

Wednesday, May 4, 2016

Презентација со програма за мултимедијални презентации

Направи презентација во Microsoft Power Point или Impress која ќе ги задоволува следните барања:

  1. Тема на презентацијата може да биде по твој избор
  1. Презентацијата да има 7 слајда (првиот насловен кој ќе го содржи името на презентацијата и твоето име)
  2. Дизајнот нека биде по твој избор, само последниот слајд да биде во сина боја,
  3. Анимациските ефети врз сите објекти (наслов, текст или слика) нека се појавуваат автоматски без употреба на глуче,
  4. Премините меѓу слајдовите нека се сите исти со клик, освен вториот што ќе се појавува после 5 секунди,
  5. Постави хиперврска од последниот слајд до насловниот слајд,
  6. Зачувај ја презентацијата и нејзинотот име нека биде твојот реден број во дневникот и твоето име и презиме,
  7. Прати ја готовата презентација на е-маил: kk.mimozatrajkovska@gmail.com најкасано до 15.05.2016 година (недела).
  8. Сите прашања околу креирањето на презентацијата остави ги во коментар.
      Пријатна работа.


Прашања Impress

1. За што се користи апликацијата Impress и која Microsoft апликација е соодветна на неа?
2. Од колку слајдови се сотои една презентација?
3. За што се користи опцијата Slide Layout и кои се основните типови на слајдови?
4. како се додава нов слајд во презентацијата?
5. Master Pages е опција за....
и која е разликата меѓу

  • примени на сите слајдови
  • примени на одредени слајдови?
6. Објасни како се менува позадина на слајд. (не со дизајн)
7. Што е хиперврска, како се поставува и до што можи да биде поставена?
8. Custom Animation е опција за ....
и објасни: Додај, Промени, Отстрани, Започни, Редослед на менување
9. Slide Transition се користи за ....
и објасни: Премини на избраните слајдови, Следен слајд.

Ова се прашањата за наставното ливче, кое ќе го работиме во среда 11 мај.
Пријатно учење и успех.

Saturday, April 2, 2016

Оценки Calc

Ова се оценките за постигањата од трмата за табеларни пресметувања- Calc


Таму каде што стој П ученикот мора практично да одговара за да добие оценка.
Овие ученици заедно и со учениците кои сакаат да ја поправат оценката, часот за дополнителна е 
ВТОРНИК (05.04.2016г)  во 10,40 минути