Tuesday, November 29, 2016

URL адреси на блоговите

Во коментар оставете ги адресите на блоговите што ги креиравте. Внимавај секое одделение има свој сопствен коментар и адресата оставија со Replay на коментарот. 

Училишен двор


Image result for eko school yardНашето училиште е ЕКО училиште што се обидува да ги подобри условите за престој во него. Тука спаѓа уреденоста и чистотата на училниците и ходниците, но и партерното уредување на училишниот двор. Дали ти се допаѓа сегашниот изглед на училишниот двор? Што би променил во него за да стане пријатно место за минување на одморите, но и за собирање и спортување после часовите или за време на летниот распуст?

Wednesday, November 9, 2016

Проект со програмата за обработка на текст за 7 одделение

Темата на проектот: Градот во кој сакам да живеам


     Документот може да биде креиран во апликациите Writer или Word. Да има најмногу 2 страни според следните барања (текстот да не биде копиран   од Интернет без можност за негово менување):
· Маргини левата 1,5 цм; десната 1 цм; горната и долната по 2 цм, можеш да ставиш и боја на позадината како и рамка на страницата;
· Твоето име и презиме на десна страна (во футерот-подножјето) со црвена боја, задебелено;
· Проект централно (во хедерот-заглавјето) со сина боја, искосено, подвлечено и 14 големина на буквите;
· Вториот пасус на првата страна нека биде во две колони;
· Во другите пасуси примени различен проред, вовлекување (прв ред), празен простор пред и по пасусот, порамнување;
· Три слики, форматирани со текст околу нив;
·  Фуснота на некој збор по твој избор (од втора страна);
· Коментар- белешка  на еден од зборовите на втора страна;
· Хиперлинк кон веб страна на која најде најмногу податоци за соодветната тема;
· Клучните зборови нека бидат нагласени (боја, стил), а целиот текст да биде соодветно уреден и форматира.
· Да се испрати на е-mail kk.mimozatrajkovska@gmail.com до 13.11.2016 година.

Успешна работа!

За се што сакате да прашате во врска со изработката на проектот оставете коментар.


Thursday, November 3, 2016

Подготовка за наставно ливче за хардвер и софтвер за 6 одделние


  1. ·         Комјутерскиот систем се состои од
  2. ·         Најважни делови  во куќиштето на комјутерот се:
  3. ·         Процесорот е
  4. ·         RAM меморијата е
  5. ·         ROM меморија е
  6. ·         Перифените уреди се поделени на
  7. ·         За што се користат влезните уреди и кои уреди спаѓаат во нив?
  8. ·         За што се користат излезните уреди и кои уреди спаѓаат во нив?
  9.  ·         Најброј ги видовите монитори:
  10. ·         Наброј ги видовите печатачи
  11. ·         Големината на мониторот
  12. ·         Што е резолуција
  13. ·         Кои мемориски уреди кои ја сочинуваат главната комјутерска меморија, а кои мемориски уреди се помошни мемориски уреди?
  14. ·         Напиши го меморискиот капацитет на следните мемориски уреди: дискета, хард диск, CD, DVD, USB
  15. ·         Основна поделба на софтверот е на:
  16. ·         Колку бита има еден В (бајт): 
  17.       Поголеми единици мерки за мемориски капацитет од В (бајт) се:
  18.       Дали пет  филма со големина 716 МВ, 560МВ, 1023МВ, 800МВ, 980 МВ ги собира на USB од 4 GB.


    Дополнителна среда во 16.00 часот