Thursday, November 29, 2018

Проект во Word

Направи документ за Јапонија, Индија или Русија во кој ќе најдеш податоци за земјата, број на жители, главен град, знаме, знаменитости, валута, планини, реки...
Документот креиран во апликацијата Word, треба да има најмногу 2 страни според следните барања (текстот да не биде копиран   од Интернет без можност за негово менување):
· Маргини сите по 2 цм, можеш да ставиш и боја на позадината како и рамка на страницата;
· Твоето име и презиме на десна страна (во футерот-подножјето) со црвена боја, задебелено;
· Word централно (во хедерот-заглавјето) со сина боја, искосено, подвлечено и 14 големина на буквите;
· Вториот пасус на првата страна нека биде во две колони;
· Во другите пасуси примени различен проред, вовлекување (прв ред), празен простор пред и по пасусот, порамнување;
· Три слики, едната да биде знамето, другата во позадината на текстот- осветлена и третата по твој избор;
· Фуснота на името на главниот град, каде во појаснување ќе ги ставиш бројот на жители;
Табела со две колони и четири редици, за најголеми планини и најдолги три реки
· Хиперлинк кон веб страна на која најде најмногу податоци за соодветната тема,
· Клучните зборови нека бидат нагласени (боја, стил), а целиот текст да биде соодветно уреден и форматира.

Monday, November 19, 2018

Училиштето во кое сакам да учам

Доколку добиеш моќ (и пари☺) да промениш нешто во училиштето, што би направил?


  • Би променил нешто во училишната зграда, ходниците, училниците? 
  • Би променил нешто во училишниот двор?
  • Би променил нешто во наставниот материјал, наставниците?


Напиши ги твоите идеи во коментар.
Благодарам ❤

Tuesday, November 13, 2018

Дабар

Линк за подготовка

http://dabar2017.talent.mk/dabar2017.pdf

Monday, November 5, 2018

Проект со примена на Microsoft Word

Темата на проектот: Градот во кој сакам да живеам


     Документот може да биде креиран во апликациите Writer или Word. Да има најмногу 2 страни според следните барања (текстот да не биде копиран   од Интернет без можност за негово менување):
· Маргини левата 1,5 цм; десната 1 цм; горната и долната по 2 цм, можеш да ставиш и боја на позадината како и рамка на страницата;
· Твоето име и презиме на десна страна (во футерот-подножјето) со црвена боја, задебелено;
· Проект централно (во хедерот-заглавјето) со сина боја, искосено, подвлечено и 14 големина на буквите;
· Вториот пасус на првата страна нека биде во две колони;
· Во другите пасуси примени различен проред, вовлекување (прв ред), празен простор пред и по пасусот, порамнување;
· Три слики, форматирани со текст околу нив;
·  Фуснота на некој збор по твој избор (од втора страна);
· Хиперлинк кон веб страна на која најде најмногу податоци за соодветната тема;
· Клучните зборови нека бидат нагласени (боја, стил), а целиот текст да биде соодветно уреден и форматиран.
· Да се испрати на е-mail kk.mimozatrajkovska@gmail.com до 10.11.2018 година.

Успешна работа!

За се што сакате да прашате во врска со изработката на проектот оставете коментар.

Thursday, September 13, 2018

Работно ливче за 6 одделение

Прашања што треба да се знаат:
1. Наведи пример за податок и информација
2. Што е информатика?
3. Кој е првииот комјутер?
4. Кој е певиот персонален компјутер?
5. Пополни ја табелата
Генерација
I генерација
II генерација
III генерација
IV генерација
Траела (од- до)




Што користеле




Податоците се запишувале на..




Број на операции во секунда




За прв пат се појавува...




Wednesday, May 16, 2018

Изработка на мултимедијална презентација (VII одделение)

Направи презентација во Microsoft Power Point или Impress која ќе ги задоволува следните барања:

  1. Тема на презентацијата може да биде по твој избор
  1. Презентацијата да има 7 слајда (првиот насловен кој ќе го содржи името на презентацијата и твоето име)
  2. Дизајнот нека биде по твој избор, само последниот слајд да биде во сина боја,
  3. Анимациските ефети врз сите објекти (наслов, текст или слика) нека се појавуваат автоматски без употреба на глуче,
  4. Премините меѓу слајдовите нека се сите исти со клик, освен вториот што ќе се појавува после 5 секунди,
  5. Постави хиперврска од последниот слајд до насловниот слајд,
  6. Зачувај ја презентацијата и нејзинотот име нека биде твојот реден број во дневникот и твоето име и презиме,
  7. Прати ја готовата презентација на е-маил: kk.mimozatrajkovska@gmail.com најкасано до 20.05.2018 година (недела).
  8. Сите прашања околу креирањето на презентацијата остави ги во коментар.
      Пријатна работа.

Wednesday, January 24, 2018

Материјал за GNU Paint за VI оддленеие

Ова е материјалот за тема 4. Само спуштете го и тој ќе ни биде потребен во текот на работата за целата тема GNU Paint.