Thursday, November 29, 2018

Проект во Word

Направи документ за Јапонија, Индија или Русија во кој ќе најдеш податоци за земјата, број на жители, главен град, знаме, знаменитости, валута, планини, реки...
Документот креиран во апликацијата Word, треба да има најмногу 2 страни според следните барања (текстот да не биде копиран   од Интернет без можност за негово менување):
· Маргини сите по 2 цм, можеш да ставиш и боја на позадината како и рамка на страницата;
· Твоето име и презиме на десна страна (во футерот-подножјето) со црвена боја, задебелено;
· Word централно (во хедерот-заглавјето) со сина боја, искосено, подвлечено и 14 големина на буквите;
· Вториот пасус на првата страна нека биде во две колони;
· Во другите пасуси примени различен проред, вовлекување (прв ред), празен простор пред и по пасусот, порамнување;
· Три слики, едната да биде знамето, другата во позадината на текстот- осветлена и третата по твој избор;
· Фуснота на името на главниот град, каде во појаснување ќе ги ставиш бројот на жители;
Табела со две колони и четири редици, за најголеми планини и најдолги три реки
· Хиперлинк кон веб страна на која најде најмногу податоци за соодветната тема,
· Клучните зборови нека бидат нагласени (боја, стил), а целиот текст да биде соодветно уреден и форматира.

Monday, November 19, 2018

Училиштето во кое сакам да учам

Доколку добиеш моќ (и пари☺) да промениш нешто во училиштето, што би направил?


  • Би променил нешто во училишната зграда, ходниците, училниците? 
  • Би променил нешто во училишниот двор?
  • Би променил нешто во наставниот материјал, наставниците?


Напиши ги твоите идеи во коментар.
Благодарам ❤

Tuesday, November 13, 2018

Дабар

Линк за подготовка

http://dabar2017.talent.mk/dabar2017.pdf

Тест C++ (VII одделение)