ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТ
(час)
Темата на проектот: Хардвер и софтвер
Креирај документ од 1 страна според следните барања (текстот превземи го од Интернет со можност за негово менување и организирај го во 3 пасуси):
- Маргини по 2 цм сите, можеш да ставиш и боја на позадината;
- Твоето име и одделение на десна страна (во подножјето) со зелена боја;
- Компјутер (во заглавие) со зелена боја, искосено, 14 големина на буквите и центрирано;
- Првиот пасус нека биде во две колони со проред 1 и израмнет од лево;
- Вториот пасус нека биде со проред 1,5, израмнет од двете страни и вовлечен 1 см од лево;
- Третиот пасус нека биде со проред 1 израмнет од лево со растојание пред него 2 см;
- Две слики околу кои има текст;
- Фуснота на зборот хардвер и појаснување- машински дел;
- Коментар-белешка на зборот софтвер- овде да додадам слика од Desktop;
- Хиперлинк кон веб страна mk.wikipedia.org;
- Клучните зборови нека бидат нагласени (боја, стил), а целиот текст да биде соодветно уреден и форматиран.
Испланирај го времето и заврши го целиот проект во текот на часот.
Успешна работа!
mnogu e ubavo nastavnicke :)
ReplyDelete