Saturday, December 30, 2017

Среќна Нова година

Image result for happy new 2018
на сите мои ученици им посакувам
 Среќна Нова 2018 година 
и многу убави моменти и успех во неа.

P.S. Време е да почните да учите 😏

Monday, November 27, 2017

Информација за Програмирање

Утре 28.11.2017 година (вторник) нема да имаме час Програмирање, зошто морам учениците од мојот клас да го  носам во Центарот за култура на некој проект од УНИЦЕФ. Ако некој од вас  го види постот ве молам нека остави коментар и нека ја сподели информацијата со останатаите. Ви благодарам,

Wednesday, November 22, 2017

URL адреси на 7-1 одд

Внеси ги адресите на блоговите што ги креиравте

URL адреси на 7-2 одд

Внесете ги адреси на блоговите што ги направивте

URL адреси на 7-5 одд

Ве молам внестете ги адресите на блоговите што ги креиравте.

URL адреси на 7-3 одд

Ве молам внесете ги адресите на блоговите што ги креиравте


URL адреси на 7-4 одд

Ве мелом внесете ги адресите на блоговите што ги креиравте

Моето училиште

Дел од денот минуваме во училиштето и секако е важно како се чувствуваме тука. Што ти би направил за училиштето да биде онакво какво што го замислувам, какво што би сакал/ сакала да биде?

Image result for my school

Wednesday, November 15, 2017

Оценки за Writer 7 одделение


Секој што не е задоволен од оценката Понеделник во 12 часот - дополнителна

Wednesday, November 8, 2017

Проект со програмата за обработка на текст за 7 одделение

Темата на проектот: Градот во кој сакам да живеам


     Документот може да биде креиран во апликациите Writer или Word. Да има најмногу 2 страни според следните барања (текстот да не биде копиран   од Интернет без можност за негово менување):
· Маргини левата 1,5 цм; десната 1 цм; горната и долната по 2 цм, можеш да ставиш и боја на позадината како и рамка на страницата;
· Твоето име и презиме на десна страна (во футерот-подножјето) со црвена боја, задебелено;
· Проект централно (во хедерот-заглавјето) со сина боја, искосено, подвлечено и 14 големина на буквите;
· Вториот пасус на првата страна нека биде во две колони;
· Во другите пасуси примени различен проред, вовлекување (прв ред), празен простор пред и по пасусот, порамнување;
· Три слики, форматирани со текст околу нив;
·  Фуснота на некој збор по твој избор (од втора страна);
· Коментар- белешка  на еден од зборовите на втора страна;
· Хиперлинк кон веб страна на која најде најмногу податоци за соодветната тема;
· Клучните зборови нека бидат нагласени (боја, стил), а целиот текст да биде соодветно уреден и форматиран.
· Да се испрати на е-mail kk.mimozatrajkovska@gmail.com до 10.11.2017 година.

Успешна работа!

За се што сакате да прашате во врска со изработката на проектот оставете коментар.

Thursday, October 26, 2017

Хардвер и софтвер- подготовка за наставно ливче

1. Од кои два дела се состои комјутерот?
2. Да препознаеш што припаѓа на хардвер, а што на софтвер...
3. Кои се најважни делови во куќиштето на комјутерот?
4. Објасни процесор, РАМ и Ром меморија.
5. Како се поделени перифесните уреди?
6. Што се влезни уреди и кои се?
7. Што се излезни уреди и кои се?
8. Видови монитори.
9. Резолуција на монитор.
10. Големина на монитор.
11. Видови печатачи.
12. Што е меморија?
13. Што е мемориски капацитет?
14. Единици мерки за мемориски капацитет од б (бит) па се до ТВ.
15. Мемориски капацитет на дискета, CD, DVD, USB, хард диск
16. Кои се главни, а кои помошни мемории на комјутерот?
17. Групи на уреди што припаѓаат на куќиште, периферни уреди и мемориски уреди..
18. Задача со мемориски капацитет како што работевме на час.
Наставното ливче го работиме во вторник (31.10.2017) а доколку имате нешто што не е јасно ДОПОЛНИТАЛНА ќе има во понеделник во 12 часот.
Пријатно учење :) 

Saturday, May 27, 2017

Прашања од екстерно

Ви ги пратив прашањата за екстерно за 7 одделение на меил. Информатика е од 197 до 222 страна и сите се одговорени.


Годишн оценки за 7 одделение

Овие се годишните оценки










































Ако сака некој да поправи оценка дополнителната е понеделник (29.05.2017) во15.15 часот.
Во среда на час ќе ги презентирате презентацииите што ги пративте.

Wednesday, May 24, 2017

Известување за 7 одд

Дополнителна настава за доправање на вежбите ќе има

  • Четврток во 12.00 часот за 7-2 и 7-3 одд и
  • Петок во 12.00 часот за 7-1 и 7-4 одд
Годишните оценки ќе ви ги објавам во четврток (25.05.2017г)

Tuesday, May 16, 2017

Изработка на проект со програма за мултимедијални презентации

Направи презентација во Microsoft Power Point или Impress која ќе ги задоволува следните барања:

  1. Тема на презентацијата може да биде по твој избор
  1. Презентацијата да има 7 слајда (првиот насловен кој ќе го содржи името на презентацијата и твоето име)
  2. Дизајнот нека биде по твој избор, само последниот слајд да биде во сина боја,
  3. Анимациските ефети врз сите објекти (наслов, текст или слика) нека се појавуваат автоматски без употреба на глуче,
  4. Премините меѓу слајдовите нека се сите исти со клик, освен вториот што ќе се појавува после 5 секунди,
  5. Постави хиперврска од последниот слајд до насловниот слајд,
  6. Зачувај ја презентацијата и нејзинотот име нека биде твојот реден број во дневникот и твоето име и презиме,
  7. Прати ја готовата презентација на е-маил: kk.mimozatrajkovska@gmail.com најкасано до 19.05.2016 година (петок).
  8. Сите прашања околу креирањето на презентацијата остави ги во коментар.
      Пријатна работа.