Wednesday, November 8, 2017

Проект со програмата за обработка на текст за 7 одделение

Темата на проектот: Градот во кој сакам да живеам


     Документот може да биде креиран во апликациите Writer или Word. Да има најмногу 2 страни според следните барања (текстот да не биде копиран   од Интернет без можност за негово менување):
· Маргини левата 1,5 цм; десната 1 цм; горната и долната по 2 цм, можеш да ставиш и боја на позадината како и рамка на страницата;
· Твоето име и презиме на десна страна (во футерот-подножјето) со црвена боја, задебелено;
· Проект централно (во хедерот-заглавјето) со сина боја, искосено, подвлечено и 14 големина на буквите;
· Вториот пасус на првата страна нека биде во две колони;
· Во другите пасуси примени различен проред, вовлекување (прв ред), празен простор пред и по пасусот, порамнување;
· Три слики, форматирани со текст околу нив;
·  Фуснота на некој збор по твој избор (од втора страна);
· Коментар- белешка  на еден од зборовите на втора страна;
· Хиперлинк кон веб страна на која најде најмногу податоци за соодветната тема;
· Клучните зборови нека бидат нагласени (боја, стил), а целиот текст да биде соодветно уреден и форматиран.
· Да се испрати на е-mail kk.mimozatrajkovska@gmail.com до 10.11.2017 година.

Успешна работа!

За се што сакате да прашате во врска со изработката на проектот оставете коментар.

No comments:

Post a Comment