Утре 28.11.2017 година (вторник) нема да имаме час Програмирање, зошто морам учениците од мојот клас да го носам во Центарот за култура на некој проект од УНИЦЕФ. Ако некој од вас го види постот ве молам нека остави коментар и нека ја сподели информацијата со останатаите. Ви благодарам,
Monday, November 27, 2017
Wednesday, November 22, 2017
Моето училиште
Дел од денот минуваме во училиштето и секако е важно како се чувствуваме тука. Што ти би направил за училиштето да биде онакво какво што го замислувам, какво што би сакал/ сакала да биде?
Wednesday, November 15, 2017
Wednesday, November 8, 2017
Проект со програмата за обработка на текст за 7 одделение
Темата на проектот: Градот во кој сакам да живеам
Документот може да биде креиран во апликациите Writer или Word. Да има најмногу 2 страни според следните барања (текстот да не биде копиран од Интернет без можност за негово менување):
· Маргини левата 1,5 цм; десната 1 цм; горната и долната по 2 цм, можеш да ставиш и боја на позадината како и рамка на страницата;
· Твоето име и презиме на десна страна (во футерот-подножјето) со црвена боја, задебелено;
· Проект централно (во хедерот-заглавјето) со сина боја, искосено, подвлечено и 14 големина на буквите;
· Вториот пасус на првата страна нека биде во две колони;
· Во другите пасуси примени различен проред, вовлекување (прв ред), празен простор пред и по пасусот, порамнување;
· Три слики, форматирани со текст околу нив;
· Фуснота на некој збор по твој избор (од втора страна);
· Коментар- белешка на еден од зборовите на втора страна;
· Хиперлинк кон веб страна на која најде најмногу податоци за соодветната тема;
· Клучните зборови нека бидат нагласени (боја, стил), а целиот текст да биде соодветно уреден и форматиран.
· Да се испрати на е-mail kk.mimozatrajkovska@gmail.com до 10.11.2017 година.
Успешна работа!
За се што сакате да прашате во врска со изработката на проектот оставете коментар.
Subscribe to:
Posts (Atom)
-
Во коментар постави ја URL адресата на блогот што го креира
-
Напиши ја URL адреста на блогот што го направи во коментар