Thursday, March 26, 2020

VI одделение (Вежби за структура за избот на две можности)

Задача 1.
1. Нека х е влезна променлива,
2. Ако x<0 да се промени нова маска која ќе каже x е негативен број
3. Ако x>0 да се промени нова маска која ќе каже x е позитивен број

Задача 2.

1. Нека a е влезна променлива
2. Ако а>5 да пресмета b=3*a+4 и да каже колку е b
3. Ако а<5 да пресмета b=a*a+3 и да каже колку е b
4. Ако a=5 да се смени маска која ќе каже- Добив петка по информатика

Задача 3.

1. Нека n е влезна променлива
2. Ако n=3 да нацрта триаголник и да каже Оваа фигура е триаголник
3. Ако n=4 да нацрта квадрат и да каже Оваа фигура е квадрат
4. Ако n<3 и n>4  да каже Ова незнам да го нацртам

Задача 4. Внеси три броја и определи која математичка операција ја претставуваат

1.Нека a,b,c се влезни променливи
2. Ако a+b=c да каже Ова е собирање
3. Ако a-b=c да каже Ова е одземање
4. Ако a*b=c да каже Ова е множење
5. Ако a/b=c да каже Ова е делење

Задача 5. Нека влезна промелива е ден во неделата.
1. Ако денот е помал или еднаков на 5 нека каже - Денес имам онлајн настава
2. Ако денот е 6 или 7 нека каже- Денес е викенд
3.  Ако денот е помал од 1 или поголем од 7 нека каже- Ваков ден во нeделата не постои

Задача 6. Провери дали даден број е двоцифрен.
1. Нека broj е влезна променлива
2. Ако broj>9 и broj<100 да каже Бројот е двоцифрен
3. Во спротивен случај да каже Бројот не е двоцифрен

Задача 7. Огнен ќе прави роденден. За секое покането другарче му требаат по 90 денари за сок и парче пица. Нека влезна променлива е бројот на другарчиња што ги поканил Огнен. Пресметај колку пари ќе му требаат за роденденот но  во тоа стави ја тортата што ќе чини 3250 денари. (сума= другарче*90+торта)
1. ако сумата за роденденто е поголема од 6000 нека се префрли на друга маска и нека каже Ова ќе биде голем роденден,
2. ако сумата за роденденот е меѓу 4500 и 6000 денари нека се префрли на друга маска и нека каже Ова ќе биде убава забава и
3. ако сумата за роденденот е помала од 4500 нека се префрли на друга маска и нека каже Огнен ги повикал само другарите.


Wednesday, March 18, 2020

VII одделение

Ви поставувам презентација за материјалот што требаше да се работи денес (18.03.2020). Разгледајте, обидете се да ги пререшите примерите и да ги решите вежбите.



Ви благодарм за соработката и очекувам во коментар да поставите слики од решенијата на вежбите.

Додека не се продолжиме со посета во училиште се надевам дека времето поминато дома ќе го искористите добро (пример за учење С++ :)))))

Tuesday, March 17, 2020

VI одделение (Структура за избор на две можности)

Во прилог е материјалот што требаше да се обработи од денес па натака. Разгледајте па до четврток ќе ви пратам и вежби за ова. 


Поздрав #СедиСиДома

Sunday, March 15, 2020

Вежби од програмирање

Ученици,
доколку сакате да го пополните времето што го врвите на компјутер седејќи дома (по повод мерките за заштита од Корона вирус) и да направите нешто корисно за себе можете да ги направите следниве вежби.



Доколку имате некој проблем во решавањето напишете ми во коментар.

Веројатно забележавте првите вежби се во Scratch за VI одделение, a вторите се во C++ за VII одделение. Тој што ќе ги види вежбите на блогот нека ги сподели во групите на одделенијата што ги имате.

Ви посакувам убаво поминато време, но немојте да забоавите дека повторно треба да се вратиме на училиште :))

Материјал за Excel (VII одделение)

Ова е материјалот што треба да го имате совладано за апликацијата за табеларни пресметувања- Excel https://drive.google.com/file/d/13dBsvtlC...