Thursday, March 26, 2020

VI одделение (Вежби за структура за избот на две можности)

Задача 1.
1. Нека х е влезна променлива,
2. Ако x<0 да се промени нова маска која ќе каже x е негативен број
3. Ако x>0 да се промени нова маска која ќе каже x е позитивен број

Задача 2.

1. Нека a е влезна променлива
2. Ако а>5 да пресмета b=3*a+4 и да каже колку е b
3. Ако а<5 да пресмета b=a*a+3 и да каже колку е b
4. Ако a=5 да се смени маска која ќе каже- Добив петка по информатика

Задача 3.

1. Нека n е влезна променлива
2. Ако n=3 да нацрта триаголник и да каже Оваа фигура е триаголник
3. Ако n=4 да нацрта квадрат и да каже Оваа фигура е квадрат
4. Ако n<3 и n>4  да каже Ова незнам да го нацртам

Задача 4. Внеси три броја и определи која математичка операција ја претставуваат

1.Нека a,b,c се влезни променливи
2. Ако a+b=c да каже Ова е собирање
3. Ако a-b=c да каже Ова е одземање
4. Ако a*b=c да каже Ова е множење
5. Ако a/b=c да каже Ова е делење

Задача 5. Нека влезна промелива е ден во неделата.
1. Ако денот е помал или еднаков на 5 нека каже - Денес имам онлајн настава
2. Ако денот е 6 или 7 нека каже- Денес е викенд
3.  Ако денот е помал од 1 или поголем од 7 нека каже- Ваков ден во нeделата не постои

Задача 6. Провери дали даден број е двоцифрен.
1. Нека broj е влезна променлива
2. Ако broj>9 и broj<100 да каже Бројот е двоцифрен
3. Во спротивен случај да каже Бројот не е двоцифрен

Задача 7. Огнен ќе прави роденден. За секое покането другарче му требаат по 90 денари за сок и парче пица. Нека влезна променлива е бројот на другарчиња што ги поканил Огнен. Пресметај колку пари ќе му требаат за роденденот но  во тоа стави ја тортата што ќе чини 3250 денари. (сума= другарче*90+торта)
1. ако сумата за роденденто е поголема од 6000 нека се префрли на друга маска и нека каже Ова ќе биде голем роденден,
2. ако сумата за роденденот е меѓу 4500 и 6000 денари нека се префрли на друга маска и нека каже Ова ќе биде убава забава и
3. ако сумата за роденденот е помала од 4500 нека се префрли на друга маска и нека каже Огнен ги повикал само другарите.


No comments:

Post a Comment