Задача 1. Внеси број а,
- ако а е негативен, b=6*a+5, прикажи го b
- ано а е позитивен, b=5*a+6, прикажи го b
- ако а=0 прикажи Решавам програми во С++
Задача 2. Внеси ден во неделата,
- ако е помеѓу 1 и 5 нека се прикаже Денес имам online настава
- ако е 6 или 7 нека се прикаже Денес е викенд
- ако е помало од 1 или поголемо од 7 нека прикаже, Ваков ден во неделата не постои
Задача 3. Внеси вредност за темературата надвор,
- ако е помала од -5 нека се прикаже, Надвор е многу ладно, ќе останам дома
- ако е помеѓу -5 и 5 нека се прикаже, Да смеев, ќе одев на скијање
- ако е поголема од 5 нека се прикаже, Времето е убаво, ќе прошетам
Задача 4. Внеси три цели броеви a,b,c и одреди која математичка операција (собирање, одземање, множење или делење) стои меѓу a и b за да се добие резултат c и прикажи ја.
Пр. Ако a-b=c, да се прикаже Одземање
Задача 5. Деан сака да купи четири компјутерски игри чии цени се igra1, igra2, igra3 и igra4 (во евра). Направи програма со која Деан ќе провери дали ќе бидат доволни 135 евра што ги добие од дедо му за да ги купи сите игри и прикажи соодветна порака за тоа (Може да ги купи или Неможе да ги купи)
Појаснување: Најди го збирот од цените на четирите игри и првери дали збирот е помал од 135 или поголем од 135)
No comments:
Post a Comment