Wednesday, April 29, 2020

VII одделение- Вежби со структура за повтроување

Користејќи ја наредбата for реши ги следните задачи:

1. Определи го бројот на парни броеви во внесени n броеви.
2. s=1+2+3+..+n
3. p=1*2*3*..*n
4. s=2+4+6+...+n
5. p=1*4*7*..*n

Tuesday, April 21, 2020

VI одделение- Вежби за обработка на текст

За во четврток (23.04) треба само да го напишете текстот од Вежба 1. со македонска поддршка во било кој текст уредувач (Word, Writter...) и да го зачувате во посебен фолдер како Вежба 1.

Wednesday, April 1, 2020

VII одделение (Вежби за структура за избор на две можности)

Задача 1. Внеси број а, 

  • ако а е негативен, b=6*a+5, прикажи го b
  • ано а е позитивен, b=5*a+6, прикажи го b
  • ако а=0 прикажи Решавам програми во С++
Задача 2. Внеси ден во неделата, 
  • ако е помеѓу 1 и 5 нека се прикаже Денес имам online настава
  • ако е 6 или 7 нека се прикаже Денес е викенд
  • ако е помало од 1 или поголемо од 7 нека прикаже, Ваков ден во неделата не постои  
Задача 3. Внеси вредност за темературата надвор,
  • ако е помала од -5 нека се прикаже, Надвор е многу ладно, ќе останам дома
  • ако е помеѓу -5 и 5 нека се прикаже, Да смеев, ќе одев на скијање
  • ако е поголема од 5 нека се прикаже, Времето е убаво, ќе прошетам
Задача 4. Внеси три цели броеви a,b,c и одреди која математичка операција (собирање, одземање, множење или делење) стои меѓу a и b за да се добие резултат c и прикажи ја.
Пр. Ако a-b=c, да се прикаже Одземање

Задача 5. Деан сака да купи четири компјутерски игри чии цени се igra1, igra2, igra3 и igra4 (во евра). Направи програма со која Деан ќе провери дали ќе бидат доволни 135 евра што ги добие од дедо му за да ги купи сите игри и прикажи соодветна порака за тоа (Може да ги купи или Неможе да ги купи)
Појаснување: Најди го збирот од цените на четирите игри и првери дали збирот е помал од 135 или поголем од 135)