Monday, May 11, 2020

VII одделение- Сите зададени домашно во С++


Домашно 1.
1. Напиши програма со која за даден број ќе каже дали е позитивен или негативен.
2. Напиши програма со која за даден цел број ќе каже дали е трицифрен или не.
3. Да се напише програма со која ќе се пресмета и испечати вредноста на y
y=3*x-2,            ако x<=5,
y=2*x-3,            ако x>5.

Домашно 2.
Задача 1. Внеси број а, 
  • aко а е негативен, b=6*a+5, прикажи го b
  • ано а е позитивен, b=5*a+6, прикажи го b
  • ако а=0 прикажи Решавам програми во С++
Задача 2. Внеси ден во неделата, 
  • ако е помеѓу 1 и 5 нека се прикаже Денес имам online настава
  • ако е 6 или 7 нека се прикаже Денес е викенд
  • ако е помало од 1 или поголемо од 7 нека прикаже, Ваков ден во неделата не постои  
Задача 3. Внеси вредност за темературата надвор,
  • ако е помала од -5 нека се прикаже, Надвор е многу ладно, ќе останам дома
  • ако е помеѓу -5 и 5 нека се прикаже, Да смеев, ќе одев на скијање
  • ако е поголема од 5 нека се прикаже, Времето е убаво, ќе прошетам
Задача 4. Внеси три цели броеви a,b,c и одреди која математичка операција (собирање, одземање, множење или делење) стои меѓу a и b за да се добие резултат c и прикажи ја.
Пр. Ако a-b=c, да се прикаже Одземање
Задача 5. Деан сака да купи четири компјутерски игри чии цени се igra1, igra2, igra3 и igra4 (во евра). Направи програма со која Деан ќе провери дали ќе бидат доволни 135 евра што ги добие од дедо му за да ги купи сите игри и прикажи соодветна порака за тоа (Може да ги купи или Неможе да ги купи)
Појаснување: Најди го збирот од цените на четирите игри и првери дали збирот е помал од 135 или поголем од 135)

Домашно 3.
1. Да се провери дали даден број е парен или непарен.

Домашно 4.
1. Да се напише програма со која
ќе најде збирот на 6 внесени броеви.
2. Да се напише програма која ќе се најде колку од произволен број внесени броеви се позитивни
3. Напиши програма со која ќе го најдеш проиводот на 4 внесени броја.
4. Напиши програма со која ќе го најдеш бројот на негативни броеви во n внесени броја.

Домашно 5.
1. Определи го бројот на парни броеви во внесени n броеви.
2. s=1+2+3+..+n
3. p=1*2*3*..*n
4. s=2+4+6+...+n
5. p=1*4*7*..*n


Домашно 6.
1. Напиши програма со која за дадени вредности на x и y ќе ја пресмета вредноста z=x*y-3*x+4;
2. Напиши програма со која за даден број ќе провери дали е парен или непарен и ќе испише соодветна порака.
3. Напиши програма со која ќе внесеш 7 броја и ќе го определиш збирот само на негативните од нив.

Thursday, May 7, 2020

VI одделение Вежба 6- Обработка на текст

Вежба 6. Пополни ја следната табела со податоци што ќе ги пребараш на Интернат, а потоа уреди ја табелата по сопствен избор.

Планета
Planet
Дијаметар
Diametar
Орбитален период (години)
Orbital perod (years)
Период на свртување
(денови)
 Rotation period (days)
Број на месечини
Confirmed moons
Прстени
 (има/ нема)
Rings (yes/ no)






























Tuesday, May 5, 2020

VII одделение- Вежби во С++

Задачи за вежби:

1. Напиши програма со која за дадени вредности на x и y ќе ја пресмета вредноста z=x*y-3*x+4;
2. Напиши програма со која за даден број ќе провери дали е парен или непарен и ќе испише соодветна порака.
3. Напиши програма со која ќе внесеш 7 броја и ќе го определиш збирот само на негативните од нив.