Monday, May 11, 2020

VII одделение- Сите зададени домашно во С++


Домашно 1.
1. Напиши програма со која за даден број ќе каже дали е позитивен или негативен.
2. Напиши програма со која за даден цел број ќе каже дали е трицифрен или не.
3. Да се напише програма со која ќе се пресмета и испечати вредноста на y
y=3*x-2,            ако x<=5,
y=2*x-3,            ако x>5.

Домашно 2.
Задача 1. Внеси број а, 
  • aко а е негативен, b=6*a+5, прикажи го b
  • ано а е позитивен, b=5*a+6, прикажи го b
  • ако а=0 прикажи Решавам програми во С++
Задача 2. Внеси ден во неделата, 
  • ако е помеѓу 1 и 5 нека се прикаже Денес имам online настава
  • ако е 6 или 7 нека се прикаже Денес е викенд
  • ако е помало од 1 или поголемо од 7 нека прикаже, Ваков ден во неделата не постои  
Задача 3. Внеси вредност за темературата надвор,
  • ако е помала од -5 нека се прикаже, Надвор е многу ладно, ќе останам дома
  • ако е помеѓу -5 и 5 нека се прикаже, Да смеев, ќе одев на скијање
  • ако е поголема од 5 нека се прикаже, Времето е убаво, ќе прошетам
Задача 4. Внеси три цели броеви a,b,c и одреди која математичка операција (собирање, одземање, множење или делење) стои меѓу a и b за да се добие резултат c и прикажи ја.
Пр. Ако a-b=c, да се прикаже Одземање
Задача 5. Деан сака да купи четири компјутерски игри чии цени се igra1, igra2, igra3 и igra4 (во евра). Направи програма со која Деан ќе провери дали ќе бидат доволни 135 евра што ги добие од дедо му за да ги купи сите игри и прикажи соодветна порака за тоа (Може да ги купи или Неможе да ги купи)
Појаснување: Најди го збирот од цените на четирите игри и првери дали збирот е помал од 135 или поголем од 135)

Домашно 3.
1. Да се провери дали даден број е парен или непарен.

Домашно 4.
1. Да се напише програма со која
ќе најде збирот на 6 внесени броеви.
2. Да се напише програма која ќе се најде колку од произволен број внесени броеви се позитивни
3. Напиши програма со која ќе го најдеш проиводот на 4 внесени броја.
4. Напиши програма со која ќе го најдеш бројот на негативни броеви во n внесени броја.

Домашно 5.
1. Определи го бројот на парни броеви во внесени n броеви.
2. s=1+2+3+..+n
3. p=1*2*3*..*n
4. s=2+4+6+...+n
5. p=1*4*7*..*n


Домашно 6.
1. Напиши програма со која за дадени вредности на x и y ќе ја пресмета вредноста z=x*y-3*x+4;
2. Напиши програма со која за даден број ќе провери дали е парен или непарен и ќе испише соодветна порака.
3. Напиши програма со која ќе внесеш 7 броја и ќе го определиш збирот само на негативните од нив.

No comments:

Post a Comment